Македонија

ДЗС: Опаѓа бројот на склучени, се зголемува бројот на разведени бракови

28.11.2025 14:12

Државниот завод за статистика (ДЗС) регистрира помалку склучени, а повеќе разведени бракови во третото тримесечје од годинава, односно од периодот од јули до септември...

Државниот завод за статистика (ДЗС) регистрира помалку склучени, а повеќе разведени бракови во третото тримесечје од годинава, односно од периодот од јули до септември.

Во овој период, според податоците на ДЗС, се склучени 3 514 бракови, што е намалување за 2,8 проценти во споредба со бројот на склучени бракови во истиот период минатата година.

Од јули до септември годинава регистрирани се и 470 разведени бракови, што е зголемување од 27,7 проценти во однос на бројот на разводи во овој период лани.