ЈП Водовод и канализација – Скопје

Водовод: Водата во ООУ Димо Хаџи Димов е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува

28.11.2025 11:06

Според добиените резултати, сите примероци во целост одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр.183/18) при што е констатирано дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува.

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.

Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.