Нови огласи за закуп на државно земјиште
Повторно ќе се огласува државното земјиште. До крајот на годинава уште 6 илјади хектари трeбa да бидат понудени за зaкуп. Во Македонија, државата располага со 20 проценти од вкупните обработливи површини...

Седум огласи за закуп на државното земјоделско земјиште се планира да бидат објавени до крајот на годинава.
Парцелите со вкупна површина од скоро 6 илјади хектари се наоѓаат во сите региони на Македонија.
Новина е тоа што се овозможува прибирање на понудите во кои земјоделците самостојно ги одредуват катастарските податоци со геодетски елаборат.
Државата располага со 20 проценти од обработливите површини или со скоро 200.000 хектари.
Од 2006 година досега се објавени 65 огласи и 29 јавни повици, а склучени се повеќе од 8.000 договори.
Методија Трајков
