Лицата со попреченост постојано се соочуваат со проблеми во пристапот до своите права
Голем е бројот на поплаки кои стигнуваат на адреса на Народниот правобранител за непочитување на правата на лицата со попреченост. Најчесто ги поднесуваат поединци или граѓански организации.

Изодевме тежок, но успешен пат со мојот син, а сега стоиме во место, раскажува Жаклина Крстевска, мајка на 30-годишниот Стефан, лице со попреченост.
На мојот син му треба вработување и прифаќање од заедницата, дружење и комуникација. Стефан секоја вечер ме прашува што ќе правиме утре сабајле, а јас веќе немам одговори, сите со текот на годините пресушија. Жаклина со тешкотија во себе вели-него му е потребна социјализација.
Голем е бројот на поплаки кои стигнуваат на адреса на Народниот правобранител за непочитување на правата на лицата со попреченост. Најчесто ги поднесуваат поединци или граѓански организации.
Во периодот на одбележување на 16 дена активизам за борба против семејно насилство и родово засновано насилство, од ХЕРА со апел за пристапност на самите услуги и сервиси за заштита на жртвите.
Секое лице со попреченост има права, но треба да има и пристап за да може да ги ужива тие права, велат надлежните. Лицата со попреченост немаат никаков пристап до јавните услуги и добра, до здравствената заштита, образование до социјалните услуги базирани во заедницата, како и можности за вработување.
Трети декември е Меѓународен ден на лицата со попреченост, но не само на меѓународниот ден туку постојано треба да се зборува за проблемите со коишто истите се соочуваат. Пред сè треба да бидат прифатени од општеството и секако, многу повеќе институциите да направат за нив бидејќи тие секојдневно се соочуваат со проблеми.
Ана Јосифоска
