Поскапувањето на струјата ќе донесе бран отпушатња во Бугарија

04.09.2014 10:41

Најголемиот бран на нови невработени се очекува во Пловидив...

Нов бран на невработеност се очекува во соседна Бугарија поради најавата за поскапувањето на струјата.

Според предвиденото, цената на електричната енерија се очекува да порасне за 17 проценти, а најголемиот бран на нови невработени се очекува во Пловидив.

Според проценките, ваквото зголумување на цената на струјата за малите бизниси ќе значи и кратење на најмалку едно работно место.