Култура
Премиера на „Црнила“ во прилепскиот театар
29.11.2025 18:34
Во прилепскиот театар денеска е премиерата на познатата драма на Коле Чашуле „Црнила“. Претставата за лекциите кои тешко ги учи Македонецот низ историјата е прва соработка на режисерот Дејан Пројковски со прилепскиот ансамбл…

Драмскиот текст „Црнила“ на Коле Чашуле е еден од лајт-мотивите, или, голем рефрен во македонската драматургија, а секоја театарска генерација има свое видување. Претставата која зборува за лекциите кои многу тешко ги учи Македонецот низ историјата е прва соработка на режисерот Дејан Пројковски со ансамблот на прилепскиот театар. „Црнила“ отвора дијалог и размислување.
По 75 години постоење кога прилепскиот театар нема свој објект уште поцврст е ставот дека театарот останува да живее.
Елизабета Митреска
