Повисока наплата на даноците во првите 10 месеци
Без ефикасна наплата на даноците не може да имаме силна економска држава, вели директорката на УЈП, Елена Петрова на одбележувањето на Денот на даночните работници. Таа е задоволна од досегашната работа. Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии, порача премиерот Мицкоски...

Без ефикасна наплата на даноците не може да имаме силна економска држава, вели директорката на УЈП, Елена Петрова на одбележувањето на Денот на даночните работници. Таа е задоволна од досегашната работа, зашто во првите 10 месеци има раст на даночната нето-наплата од над 6 проценти и раст на социјалните придонеси од 15 проценти.
Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии, порача премиерот Мицкоски. Тој рече дека од јануари до крај на октомври годинава, нето-наплатата на даноците и социјалните придонеси достигна 3 милијарди и 600 милиони евра, што е за 260 милиони евра повеќе од лани.
Навременото поднесување на ДДВ-пријавите за јануари – септември годинава изнесува 95 отсто. Сите остануваат во борба против најголемата закана за секоја држава – корупцијата.
Економијата расте, активноста се зголемува, а со тоа растат и приходите.
Навременото плаќање на ДДВ пораснало од 76 проценти на 81 проценти, што се смета за доказ за зголемената доверба помеѓу државата и бизнисот.
Борис Грујоски
