регулаторна

Парното поскапува од 1 декември

28.11.2025 20:00

Од понеделник парното греење поскапува за 5,9 проценти. Првиот регулатор вели дека сметките ќе бидат повисоки за околу 130 денари. За оние кое се греат на железарското парно, зголемувањето надминува 7 насто. За две недели ќе се знае и цената на струјата.

Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата цена – парното од 1 декември во просек поскапува за 5.9 проценти за корисниците што се снабдуваат преку најголемиот систем, за ЕСМ енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје север – 7,7%. Бислимовски ја направи пресметката за сметките.

Бислимовски нагласи дека е потребно долгорочно стратешко планирање и сериозна модернизација на топловодната мрежа за да се намалат дефектите, да се подобри квалитетот на снабдување и да се овозможи проширување на мрежата. Поскапувањето е поради планираните нови вложувања.

Анализите покажуваат дека доколку сите исклучени корисници повторно се приклучат на системот, сметките би се намалиле за околу 10 проценти. Во моментов, околу 65.000 потрошувачи во главниот град се снабдуваат со топлинска енергија.

 

Игор Панов