Руското ембарго- трговска можност за Аргентина

04.09.2014 10:45

Аргентинските компании за извоз на храна со години оддржуваат цврсти трговски врски со Русија, а поради емабргото кон Западот подготвени се и за проширување на соработката...

Руското ембарго за увоз на храна од западните земји претставува историска трговска можност за Аргентина. Едногодишното ембарго што почна во август  е поставено за увозот на месо, риба, овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, а се однесува на Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, сите 28 земји членки на Европската Унија плус Норвешка.

Аргентинските компании за извоз на храна со години оддржуваат цврсти трговски врски со Русија, а поради емабргото кон Западот подготвени се и за проширување на соработката.

Ваквата историска можност за Аргентина доаѓа по посетата на рускиот претседател Владимир Путин, кој што со претседателката на земјата Кристина Фернандез потпиша голем број на спогодби и договори за соработка меѓу двете земји.

Минатата недела пак во Русија отпатува аргентинска трговска делегација предводена од министрите за земјоделство и индустрија.