Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, на планините снег

29.11.2025 08:30

На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурите наутро ќе се движат од -3 до 5 степени, а преку ден ќе достигнуваат од 3 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.