Денеска нов „Марш на ангелите“ во Кочани
Попладне во Кочани уште еден „Марш за ангелите“. Родителите на загинатите во трагедијата во „Пулс“ со повик граѓаните да им се приклучат. Маршот ќе почне во 14 и 5 од Паркот на револуцијата, а е најавен како мирен и достоинствен собир, посветен на жртвите и како потсетник дека зад секоја судска одлука стојат вистински човечки животи и семејства што сè уште ја чекаат правдата што им следува...

Попладне во Кочани уште еден „Марш за ангелите“. Родителите на загинатите во трагедијата во „Пулс“ со повик граѓаните да им се приклучат. Маршот ќе почне во 14 и 5 од Паркот на револуцијата, а е најавен како мирен и достоинствен собир, посветен на жртвите и како потсетник дека зад секоја судска одлука стојат вистински човечки животи и семејства што сè уште ја чекаат правдата што им следува.
Во судницата во затворот Идризово почна судењето за случајот „Пулс“, во кој се обвинети 35 физички и три правни лица. Дел од адвокатите на обвинетите побараа одложување, бидејќи не го добиле интегрирано обвинение, па не можат да настапат со воведни зборови.
Во вторник е закажано ново рочиште.
