БИТОЛА

Малолетничките бракови - реалност и во современото општество

29.11.2025 14:52

Според закон, брак може да се склучи со минимум 16 години, со родителско одобрување и со посебна судска дозвола. Под оваа возрасна граница, бракот се смета за кривично дело...

Кога требаше да се описменам и да осознаам за себе, јас станав мајка. Перење, чистење, готвење, грижа за сопругот и за петте деца, ова беше мојата секојдневна обврска, раскажува стружанката Незире којашто склопила малолетнички брак на само 15 години.

„Малолетничките бракови се реалност и во современото општество. Ниската свесност, сиромаштијата и социјалното опкружување се главни фактори за ваквиот избор. Само тринаесет години има најмладата адолесцентка која склопи брак“, вели м-р Фатма Бајрам Аземовска, претседател на Здружението за развој на ромската заедница-СУМНАЛ.

Малолетничките се соочуваат и со бројни здравствени ризици при бременоста.

Според закон, брак може да се склучи со минимум 16 години, со родителско одобрување и со посебна судска дозвола. Под оваа возрасна граница, бракот се смета за кривично дело.

Ружица Ѓоршевска