Осудени лица го дооформуваат своето образование
Десетина осудени лица кои се во струмичкиот затвор го дооформуваат своето образование. Во затворот се адаптираше училница каде лицата кои издржуваат казна затвор учат и полагаат испити од тригодишно средно стручно образование…

Десетина осудени лица кои издржуваат казна затвор во казнено поправната установа во Струмица се вклучени во процесот на дооформување на своето средно образование. Меѓу нив е и Димитар кој се запиша за автомеханичар и во затворот веќе учи и ги полага испитите.
Струмичкиот затвор веќе адаптираше училница. Таму осудените лица имаат консултации со професори околу наставниот материјал но и полагаат. Директорот на затворот смета дека ова е уште една алатка за поефикасна реинтеграција на осудените лица.
Проектот за дооформување на средното образование се реализира со ДСУ „Никола Карев“. Тиe неделава го спроведоа испитот по македонски јазик.
Во струмичкиот затвор во моментов престојуваат 90-тина осудени лица. 35 отсто од нив се работно ангажирани надвор од установата
Ване Трајков
