По 30 години зад решетки, ослободени благодарение на ДНК тест
Двајцата браќа од Хукертон, Северна Каролина се ослободени од затвор после 30 години, блогодарение на ДНК тестовите кои што докажаа дека тие не се виновни...

Пред 30 години, малото гратче Хукертон во Северна Каролина го потресе веста за 11 годишната Сабрина Буи, која што беше пронајдена мртва во поле со пченка, откако претходно била силувана. Набргу потоа полицијата ги уапсила 15 годишниот Леон Браун и неговиот 19 годишен полубрат Хенри МекКалм, од кои што успеале да изнудат признание, по што се казнети со доживотна и со смртна казна. Но, по 30 години минати зад решетки, двајцата браќа се ослободени блогодарение на ДНК тестовите кои што докажаа дека тие не се виновни.
ДНК анализата на отпушокот и на конзервата од пиво што тогаш биле најдени на местотото на злосторството покажала дека тие му припаѓале на извесен Роско Артис, кој што во моментов издржува доживотна казна затвор поради други силувања и убиства. Ослободителната пресуда за браќата пак беше дочекана со екстатична атмосфера во судницата и многу солзи радосници.
„Нема лутина во моето срце. Тие ми одзедоа 30 години, но не ги мразам“, рече Хенри МекКалм.
Браќата пред 30 години биле уапсени поради одредени гласини што почнале да се шират низ училиштето каде што учеле, а биле осудени врз основа на признанието што тие го потпишале по часови испитување, а кое што било претходно напишано од полицајците.
