Македонија

Министерот Андоновски во посета на Битола

29.11.2025 09:37

Министерот Андоновски заедно со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњаноски, ќе го посети караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција на Националниот портал – uslugi.gov.mk...

Денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе биде во посета на Битола, каде заедно со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњаноски, ќе го посети караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција на Националниот портал – uslugi.gov.mk.

Во рамки на посетата предвидена е изјава за медиуми, информираа од Министерството.