Детска клиника
На Детската клиника сè уште се хоспитализирани 4 деца, сите се во стабилна состојба
29.11.2025 13:02
На Детската клиника сè уште се хоспитализирани 4 деца од основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Сите се во стабилна состојба. Земените мостри укажуваат на нехигиена во просториите...

На Детската клиника сè уште се хоспитализирани 4 деца од основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Сите се во стабилна состојба. По анализите во Институтот за јавно здравје, во мусаката e пронајден ентеробактер, фекална бактерија што ја имало и на чешмите. Земените мостри укажуваат на нехигиена во просториите.
Денеска треба да бидат потврдени резултатите од испитувањето на водата за пиење, дали е целосно бактериолошки исправна.
