Карциномот на простата во пораст
„Мовембер – месец на машкото здравје. Во специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ бесплатни уролошки прегледи, ехо на бубрези и на простата.

Карциномот на простата и натаму е најчестото малигно заболување кај мажите. Лани откриени нови 500 пациенти, меѓу нив има и на 40 годишна возраст.
Лекарите предупредуваат дека старосната граница каде што се јавуваат тегобите на простата кај мажите е поместена, што значи дека пациенти од 45 години треба барем еднаш во годината да направат преглед за да се спречат канцерогените заболувања.
И покрај загрижувачките бројки во државата, мажите ги игнорираат симптомите додека не е доцна. Лекарите предупредуваат дека во семејствата каде има генетски предиспозиции, прегледите треба да се прават почесто и на порана возраст.
Мажите не сакаат да одат на уролог, посочуваат лекарите, но доколку карциномот на простата навреме се открие може да се излекува.
Во месецот посветен на машкото здравје, во амбулантата на специјализираната болница за геријатриска медицина „13 Ноември“ се вршеа бесплатни уролошки прегледи и ехо прегледи на бубрези и на простата.
Александра Спировска
