Пензионерите ќе протестираат пред Уставниот суд
Во понеделник во 11 часот со мирен протест пред Уставниот суд пензионерите од цела држава ќе го изразат своето незадоволство од Уставниот суд каде деновиве со оценува законитоста на линеарното зголемување на пензиите. Пензионерите сметаат дека линеарното покачување на пензиите никого не дискриминира, туку им помага на оние со ниски пензии да опстанат …

Пензионерите кои пред две години се изборија за линеарно зголемување на пензиите во понеделник пред Уставниот суд ќе го изразат своето незадоволство. Сметаат дека никој не е оштетен со линеарното покачување
Најголем дел од пензионерите се на работ на егзистенција.
Пензионерите бараат воведување на пензионерска картичка за храна и лекови и зголемување на средствата од социјалниот фонд за посмртнина.
Славица Величковска
