Ребалансот на буџетот пред пратениците

04.09.2014 11:13

Македонското Собрание денеска ќе ја почне 14-та седница на која ќе распава за Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година. 
 
Интензивирање на изградбата на Коридорот 10, реалокација на средства меѓу буџетските корисници во рамки на обезбедената маса на плата, обезбедување дополнителен износ во Фондот на ПИОМ, надминување на последиците од елементарните непогоди во општините, а истовремено незагрозување на исплатата на обврските е предвидено во предложениот ребаланс на Буџетот.
 
На расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет  вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, образложи дека станува збор за мини-ребаланс кој предвидува намалување на приходната и на расходната страна вкупно за два процента.