Петта панел-дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“
Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука продолжува со својот караван на панел-дискусии низ градовите. Досега се одржаа панели во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, а следната станица е Струмица...

Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука продолжува со својот караван на панел-дискусии низ градовите. Досега се одржаа панели во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, а следната станица е Струмица.
Петтиот панел на тема „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ ќе се одржи денеска.
Во панел-дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, Ана Витанова – Рингачева, вонреден професор на катедрата за македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, свои мислења и искуства ќе споделат и Стојне Митева, психолог и гешталт терапевт при ООУ „Маршал Тито“ – Муртино, Струмица, Трајче Бјадов, наставник по македонски јазик при ООУ „Герас Цунев“ – Просениково, Струмица, како и Архелос Туранов, директор при ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица и Мери Доневска Костуранова, родител и претседател на Совет на родители при струмичкото СОУ „Јане Сандански“.
И овој настан ќе претставува можност за споделување идеи, добри практики и инспиративни искуства за тоа како заедно да создадеме генерации кои размислуваат критички, се водат од вредности и дејствуваат храбро, стои во известувањето од МОН.
