сад
Масовно пукање на семејна прослава во Стоктон, четворица загинати
30.11.2025 10:02
Повредените, меѓу кои има и малолетници биле пренесени во локалните болници...

Четворица загинати и најмалку десет повредени во масовното пукање на семејна прослава во Стоктон, во централната долина на Калифорнија. Осомничениот сè уште е во бегство. Повредените, меѓу кои има и малолетници биле пренесени во локалните болници.
Според првичните индиции на надлежните, се претпоставува дека можеби станува збор за организиран напад. Истрагата ја води канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин.
