Уапсени газда и сметководител на градежна фирма- проневериле 430 илјади евра
Во периодот од 2009-2014 година прикажале невистинити податоци во сметководствената евиденција во Дора ДООЕЛ увоз-извоз Скопје...

Уапсен сопственикот на градежната фирма Дора и неговиот сметководител. Се сомничат финансиски криминал тежок 430.000 евра. Сметководителот е управител на Друштвото за интелектуални услуги Дата-Ком ДОО извоз-увоз Скопје. Се сомничи за помагање. Двајцата заработија по 30 дена притвор.
Во периодот од 2009-2014 година прикажале невистинити податоци во сметководствената евиденција во Дора ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, при што евидентирале фиктивни податоци за наводни набавки на стоки и услуги со вклучен ДДВ кои стоки никогаш не се набавени ниту платени, а по кој основ неосновано е извршена одбивка на ДДВ и со тоа неосновано е намалена обврската за ДДВ во вкупен износ од 7.299.201,00 денари.
По налог на газдата на Дора, сметководителот во книговодството на правниот субјект евидентирал непостоечки фактури од измислен коминтент Стојан Комерц . Прикажале нереални расходи и при тоа затаиле данок на добивка во износ од 569.172,00 денари. Сопственикот на Дора вршел и продажба на трговски стоки во готово без за нив да има сметководствена евиденција. Подигал и пари на име матереијални трошоци без документ за нивна оправданост, што е законска обврска. Двајцата затаиле данок од 26.481.690,00 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.
Наташа Гркова-Петрушевска
