Во Струмица панел-дискусија „Магијата е во знаењето“
Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука денеска продолжи во Струмица каде се одржи и панел-дискусија. На панелот зборуваше министерката за образование Весна Јаневска која ги повика наставниците да бидат столбот на образовниот процес и да се учи за знаења а не за оценки …

Да се учи за знаење а не за оценки и нема потреба од ургенции за ставање петки на крајот од секоја школска година. Вака порача министерката за образование Весна Јаневска на панел-дискусија во Струмица „Магијата е во знаењето“ на која ги повика наставниците да бидат столбот на образовниот процес.
Зајакнување на соработката на релација наставник родител за реално оценување. Родителите мора да бидат и самокритични во таа насока и за однесување на нивните деца.
Семејството е клучно во градењето на квалитети личности а просветните работници за квалитетни кадри кажаа родителите.
Општина Струмица секогаш ќе ги поддржува ваквите кампањи кажа градоначалникот Петар Јанков.
Панел дискусии од кампањата „Магијата е во знаењето“ досега беа одржани во Скопје, Прилеп Тетово и Куманово.
Ване Трајков
