ијз

Нови 38 случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во земјава од почетокот на годинава

30.11.2025 15:02

Имало и осум смртни случаи. Вирусот и натаму најмногу ја погодува машката популација, од новите случаи 37 се мажи, а само едно лице е од женски пол. Најголем дел од заразените се млади на возраст од 20 до 39 години...

Триесет и осум нови случаи со ХИВ/СИДА се регистрирани во земјава од почетокот на годинава, за 25 проценти помалку од лани – стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Имало и осум смртни случаи. Вирусот и натаму најмногу ја погодува машката популација, од новите случаи 37 се мажи, а само едно лице е од женски пол. Најголем дел од заразените се млади на возраст од 20 до 39 години. Институтот за јавно здравје нотира дека Македонија останува земја со ниска преваленца, но предупредува на нагорен тренд на подолг период, бидејќи 32 отсто од 726 случаи се откриени токму во последните пет години.

Лек против ХИВ инфекцијата не постои, но со превенција, навремена дијагноза и третман инфицираните со ХИВ можат да имаат долг и здрав живот.