Детска клиника

Стабилна состојбата на затруените деца

30.11.2025 17:32

На Детската клиника сè уште се хоспитализирани четирите деца кои беа затруени во ОУ „Димо Хаџи Димов“. Сите се во стабилна состојба, утре ќе се одлучува дали сите или некое од нив ќе биде пуштено дома...

Четирите деца од основното училиште „Димо Хаџи Димов“, кои се хоспитализирани на Детската клиника, поради труење со фекални бактерии се во стабилна состојба. Во текот на утрешниот ден лекарите ќе одлучуваат дали лекувањето на учениците може да продолжи во домашни услови.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат познати и резултатите од земените мостри од другите девет училишта во општина Карпош, каде храна служи истиот оператор како и во „Димо Хаџи Димов“. Институтот за јавно здравје констатира дека ентеробактер е пронајдена во мусаката која била служена за ручек, на три чешми во кујната и училниците, но не и во водата за пиење. Кај неколку деца беше пронајден и норовирус.

Со кујната работи приватен оператор, таа останува затворена. Но, кога повторно ќе се служи топол оброк за основците од целодневна настава не се знае.

Кујната е посебен објект во училиштето, а институциите проверуваат дали фекалните бактерии се пренесени од таму. Училиштето е дезинфицирано, а од утре наставата ќе се одвива непречено. Со стомачни тегоби, дијареа и повраќање, околу 30-тина деца изминативе денови побараа лекарска помош на Детската клиника.

Александра Спировска