Словенија

Стражај: Во Европската унија има моментум за проширување којшто треба да се искористи

30.11.2025 18:01

Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во проширувањето и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина претставува голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата, и може да продолжи да биде проблем доколу начинот на донесување одлуки не се промени во иднина, вели во разговор за МИА, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај.

Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот на пристапување и сте уморни од овие процеси, но сега во Европската унија има моментум за проширување којшто треба да се искористи. Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во проширувањето и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина претставува голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата, и може да продолжи да биде проблем доколу начинот на донесување одлуки не се промени во иднина, вели во разговор за МИА, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај.

Тој смета дека можеби властите во Скопје треба да ѝ пристапат со јасно барање на Бугарија со цел да се реши оваа ситуација еднаш засекогаш.