Почнува пробниот период за системот „Безбеден град“
Пробниот период е предвиден до Нова година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од јануари идната година системот ќе почне целосно да се применува.

Почнува пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пробниот период е предвиден до Нова година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од јануари идната година системот ќе почне целосно да се применува.
Сопствениците на возилата чиешто прекршување ќе биде документирано, ќе добијат СМС и е-пошта известување со линк, на кој ќе се може да се преземе записник и платен налог.
Од моментот на приемот, тече рокот од осум дена за плаќање половина од сумата на казната. По истекот на тој рок, износот мора целосно да се плати во следните осум дена, пред да почне постапката за присилна наплата.
Казните ќе можат да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе ја известува полицијата дека глобата е платена.
