Политика

Комплетирање на владината коалиција, Мицкоски ги очекува предлозите на ВРЕДИ

01.12.2025 08:50

Откако премиерот ќе ги достави персоналните решенија, на пленарна седница во Собранието треба да ги потврди парламентарното мнозинство...

Денеска треба да се комплетира владината коалиција. Премиерот Мицкоски ги очекува предлозите на ВРЕДИ за пополнување на министерските места.

Албанската опозиција сè повеќе се ситни. По Села, и пратеникот Илир Демири го напушта Ахмети. На повидок можно зголемување на Бадинтеровото мнозинство за клучните закони во парламентот.

Откако премиерот ќе ги достави персоналните решенија, на пленарна седница во Собранието треба да ги потврди парламентарното мнозинство. Собраниската седница за испразнетите министерски места е планирана пред Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на 6-ти декември.