Македонија место погоре на 83-то
Иако го прескокна ноемврискиот термин на ФИФА за пријателски натпревари, македонската фудбалска репрезентација сепак ќе напредува за една позиција на новата ранг листа на светската куќа на фудбалот. Во декември, Македонија ќе биде на 83-то место како резултат на поместувањата на другите репрезентации. Од 80-та до 85-тата позиција, веднаш пред нашата селекција се Јамајка, Белорусија и Демократска Република Конго, а зад нас Конго и Оман.

Во горниот дел на ФИФА рангингот нема промени се до 19-то место што овојпат е резервирано за Босна и Херцеговина којашто напредуваше две позиции. На врвот, во првата „десетка“ и натаму се Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил.
ФИФА ранг листа:
1. Шпанија 1507
2. Германија 1318
3. Аргентина 1251
4. Колумбија 1200
5. Португалија 1172
6. Уругвај 1132
7. Италија 1120
8. Швајцарија 1113
9. Холандија 1106
10. Бразил 1102
----------------------------------
80. Јамајка 439
81. Белорусија 431
82 ДР Конго 427
83. Македонија 425
84. Конго 421
85. Оман 408