Одбојка

Интересно светско првенство

04.09.2014 11:39

Светската одбојкарска карта брзо се менува. Тоа вчера го почувствува и Бугарија, силна репрезентација која играше за медал пред две години на Олимписките игри во Лондон...

„Загревачката“, групна фаза од 18-то светско првенство во одбојка во Полска носи резултатско студенило за одделни репрезентации со богато минато. Светската одбојкарска карта брзо се менува. Тоа вчера го почувствува и Бугарија, силна репрезентација која играше за медал пред две години на Олимписките игри во Лондон. Загуби од Канада со 3:2, значително губејќи ги посакуваните позиции во „Ц“ групата. И Куба е многу далеку од некогашниот сјај. Со 3:0 беше прегазена од Германија! Но, Куба на мундијалот допатува со многу млад состав, во кој половината од играчите се под 20 години. Русија и Бразил, олимпискиот и светскиот првак, стартуваа шампионски со по две максимални победи. Русите синоќа го поразија Египет со 3:0, а Бразилците лесно со 3:0 го минаа Тунис.

Резултати:

„Б“ група: 2 коло„Ц“ група:2 коло

Германија-Куба 3:0                 Канада-Бугарија 3:2

Финска –Ј.Кореја 3:0                Кина-Мексико    3:1

Бразил-Тунис 3:0                    Русија-Египет     3:0

Табела:Табела:

1.Бразил    6                             1.Русија   6

2.Финска  6                               2.Кина     6

3.Германија  3                          3.Бугарија  4

4.Ј.Кореја  3                             4.Канада    2

5.Куба  1                                  5.Египет    0

6.Тунис 0                                 6.Мексико 0

Денеска следат нови шест мечеви од кои два се со голема натпреварувачка неизвесност.Во „Д“ групата Франција ќе ја стави на тест изненадувачката стартна сила на Иран.По болниот пораз од Италија, Французите се соочени со голем резултатски императив. Италија перед себе има нов предизвик во квалитетниот состав на Белгија. На другите натпревари не би требало да има резултатска неизвесност.

„А“ група: 3 коло„Д“ група:3 коло

13.00 Камерун-Аргентина              13.00 Порторико-САД

16.30 Србија-Австралија               16.30 Иран-Франција

20.15 Полска-Венецуела                20.15 Италија-Белгија   МРТ-пренос