ВЕНЕЦУЕЛА

Каракас ќе ги истражува нападите врз бродови

01.12.2025 10:24

Американскиот претседател објави дека воздушниот простор во и околу Венецуела треба да се смета за затворен. Изјавата предизвика бурни реакции во Каракас, по што властите објавија дека САД се однесуваат колонијалистички.

Три месеци откако САД го извршија првиот напад врз венецуелски брод на Карибите, на почетокот на септември, венецуелската влада реши да побара истрага која ќе ја води комисија во Националното собрание.

„Ќе свикаме вонредна седница на Националното собрание со цел да предложиме формирање комисија од пратеници. Посебната комисија ќе ги истражи сериозните настани што доведоа до убиство на Венецуелци во карипските води“, изјави Хорхе Родригез, претседател на Националното собрание на Венецуела.

Американскиот претседател објави дека воздушниот простор во и околу Венецуела треба да се смета за затворен. Изјавата предизвика бурни реакции во Каракас, по што властите објавија дека САД се однесуваат колонијалистички.

Шефот на Белата Куќа го обвинува претседателот Мадуро за водење на наводна нарко-терористичка организација и сака да ја спречи трговијата со наркотици. Венецуелската влада ги отфрла обвинувањата како лажни и го обвини Трамп дека се обидува да ја преземе нафтата и да го отстрани Мадуро од власт.