СРБИЈА
Нафтената индустрија во Панчево запира со работа
01.12.2025 12:31
Србија побара да се обнови лиценцата за работа на НИС додека се во тек преговорите за промена на сопственоста на компанијата која е под санкции на САД.

Српскиот претседател објави дека од утре запира со работа „Нафтената индустрија на Србија“ во Панчево. Ги повика граѓаните да останат смирени и најави дека ќе се обиде да има дополнителни разговори со Американците.
Србија побара да се обнови лиценцата за работа на НИС додека се во тек преговорите за промена на сопственоста на компанијата која е под санкции на САД.
Санкциите стапија на сила на 9-ти октомври во обид на американската администрација да ја спречи Русија да ги користи приходите од енергија за војната во Украина.
