Азија
Катастрофални поплави во Југоисточна Азија
01.12.2025 15:12
Катастрофалните поплави зедоа стотици жртви и загрозија милиони луѓе. Циклонските дождови го опустошија регионот. Во Индонезија, бројот на жртви надмина 440 само на островот Суматра.

Југоисточна Азија се соочува со едни од најтешките поплави во историјата. Катастрофалните поплави зедоа стотици жртви и загрозија милиони луѓе. Циклонските дождови го опустошија регионот.
Во Индонезија, бројот на жртви надмина 440 само на островот Суматра.
Спасувачките екипи се во потрага по најмалку 400 исчезнати лица. Повеќе од 900 луѓе загинаа во налетот на бури и изобилни дождови низ Тајланд, Малезија, Филипини и Шри Ланка.
