Средба Пешевски- Дојл: Соработка со странските туропоратори за раст на туризмот
Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска оствари средба со претседателот на Светската Асоцијација за Активен Туризам, Крис Дојл како и со дел од учесниците кои беа дел од караванот „Недела на авантури“, соопштуваат од неговиот Кабинет...

Соработката со странските туроператори е од исклучителна важност за нашата земја при изнаоѓањето на нови пазари, можности и потенцијали за промоција и достојно претставување на Република Македонија во областа на туризмот на глобално ниво.
Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска оствари средба со претседателот на Светската Асоцијација за Активен Туризам, Крис Дојл како и со дел од учесниците кои беа дел од караванот „Недела на авантури“, соопштуваат од неговиот Кабинет.
На средбата се дискутирало за можностите за соработка со странски туроператори од Северна Америка и Западна Европа. Овој вид на соработка ќе придонесе за зголемување на бројот на странски туристи кои ја посетуваат Република Македонија како и позиционирање на нашата држава како атрактивна дестинација на светската туристичка мапа.
Вицепремиерот Пешевски ја потенцираше поддршката која Владата на Република Македонија ја дава за унапредување на туризмот, како и мерките преземени за зголемување на туристичкиот промет во нашата држава.
Тој истакна дека согласно целите на Стратегијата на развој на туризмот за привлекување на странски туристи бројот на странските туристи во Македонија изминатите 8 години двојно е зголемен, односно за 98%.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во соработка со проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Интернационалната Асоцијација за Активен Туризам (Adventure Travel Trade Association - ATTA) организираа „Недела на авантури – Западен Балкан“, каде учество зема група од 26 интернационални медиуми и туроператори.
Целта на овој настан беше презентација на туристичките потенцијали на Република Македонија, како и отворање на нови интернационални пазари за нашата туристичка понуда.
