УХМР
Минусни температури утрово во Тетово, Битола и Берово
01.12.2025 09:22
Утрово во државата се измерени ниски температури, кои во поголем дел од земјата се движат од -1 до 5 степени Целзиусови...

Утрово во државата се измерени ниски температури, кои во поголем дел од земјата се движат од -1 до 5 степени Целзиусови. Најстудено беше во Тетово, Битола и Берово со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Маврови Анови.
Температура од 1 степен е забележана на Скопје-Зајчев Рид, како и во Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес. Во Крушево, Штип и Кавадарци утринската температура се искачи до 2 степени, во Гевгелија и Охрид до 4 степени, а највисоки 5 степени се измерени во Претор.
