Македонија

Министерот Андоновски ќе промовира бесплатна Wi-Fi зона на Филозофски факултет во Скопје

01.12.2025 09:47

Денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе оствари посета на Филозофскиот Факултет – Скопје, каде заедно со деканот на факултетот Проф.д-р Оливер Бакрески, ќе потпишат Меморандум за соработка помеѓу Министерство за дигитална трансформација и Филозофски Факултет – Скопје...

Денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе оствари посета на Филозофскиот Факултет – Скопје, каде заедно со деканот на факултетот Проф.д-р Оливер Бакрески, ќе потпишат Меморандум за соработка помеѓу Министерство за дигитална трансформација и Филозофски Факултет – Скопје.

Во рамки на посетата ќе биде промовирана и новата бесплатна Wi-Fi зона на факултетот која е овозможена од МДТ во рамки на проектот за бесплатен интернет.

Предвидена изјава за медиуми, најавија од Министерството.