ЈП Водовод и канализација – Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

01.12.2025 10:09

Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).

Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.11.2025 до 28.11.2025 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).