ДПИ со засилени контроли по угостителските објекти во пресрет на празниците
Од Инспекторатот апелираат угостителите совесно да ги почитуваат законските обврски, особено во делот на максимално дозволениот број гости, работното време, забраната за пушење и другите прописи...

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди заштита на гостите.
Од Инспекторатот апелираат угостителите совесно да ги почитуваат законските обврски, особено во делот на максимално дозволениот број гости, работното време, забраната за пушење и другите прописи.
ДПИ најавува дека ќе реагира на секое непочитување на законите и ќе презема соодветни мерки и санкции. Граѓаните се повикани секоја неправилност да ја пријават на бројот 191 или преку www.dpi.gov.mk.
