Уапсен имамот на Големата џамија во Приштина, го поддржувал радикалниот ислам

04.09.2014 12:17

Освен Красниќи уапсени се уште неколку лица, а акцијата продолжува...

Косовската полиција во утринските часови го упсила Шефќет Красниќи, имам на Големата џамија во Приштина.

Големи полициски сили биле околу и во куќата на имамот, каде според медиумите се пронајдени и силни докази за неговата поддршка на радикалниот ислам.

Освен Красниќи уапсени се уште неколку лица, а акцијата продолжува.

Денешата акција на косовската полиција е продолжение на големата акција реализирана минатиот месец, кога беа уапсени повеќе од 40 косовски џихадисти.

Имамот Красниќи на јавноста и е познат по неговите највредливи изјави за блажената Мајка Тереза, но и благословувањето на првиот Лосовец кој загина како џихадист во Сирија. Од Косово на боиштата во Сирија и Ирак има најмалку 150, главно млади, а досега официјалната бројка на загинати е 17.