Македонија

Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на затворската казна, оди на операција

01.12.2025 11:51

Газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на десетгодишна затворска казна за трагедијата кај Ласкарци повторно побарал одложување на извршувањето на казната...

Газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на десетгодишна затворска казна за трагедијата кај Ласкарци повторно побарал одложување на извршувањето на казната. Иако, тој требаше денеска да замине зад решетки, повторно поднел барање за одложување зашто имал закажано операција.

Претходно, шефот на возниот парк на компанијата, Ремзи Мифтари побара одложување на издржувањето на затворската казна поради операција на кила на тестиси.

Тој во меѓувреме избега, па сега се бара со потерница.