Дипломатските разговори за мир во Украина продолжуваат со несмалено темпо
Дипломатските разговори за мир во Украина продолжуваат со несмалено темпо.Украинскиот претседател на средба со францускиот претседател Макрон.На Флорида одржана првата рунда разговори меѓу американски и украински претставници.Специјалниот пратеник на САД, Виткоф во Москва на средба со рускиот претседател Путин.Во Брисел, состанок на министрите за одбрана на ЕУ во рамките на напорите за завршување на војната...

Клучни моменти за крај на војната во Европа. Зеленски во Елисејската палата на разговори со Макрон за мировните предлози за Украина. Територијата и безбедносните гаранции главна тема на првата рунда преговори меѓу САД и Украина на Флорида. Разговорите се продолжение на состанокот во Женева, каде што претставниците на Вашингтон, Киев и Брисел го ревидираа оригиналниот предлог за мир од 28 точки.
„Не сакаме само да ја завршиме војната, сакаме и да и помогнеме на Украина да биде безбедна засекогаш. Значи, никогаш повеќе да не се соочат со друга инвазија“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
„Нашата цел е просперитетна, силна Украина. Работевме, веќе имавме успешен состанок во Женева и го продолживме овој успех. Овој состанок беше продуктивен и успешен“, изјави Рустем Умеров, шеф на преговарачкиот тим на Украина.
Специјалниот пратеник Виткоф во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Путин.
„Рековме дека заради успехот на преговарачкиот процес, а ние сме заинтересирани за неговиот успех, немаме намера да водиме никакви дискусии преку медиумите“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
Во Брисел, состанок на Министрите за одбрана на ЕУ. Главна тема поддршката за Украина и одбранбените капацитети на унијата.
„Руската армија е онаа што всушност претставува ризик за сите. И не зборувам за европските земји, туку за сите соседни земји на Русија. Ако ги погледнете тие 19 земји што ги нападнале во последните 100 години, мислам, сите се во опасност. Ако руската армија е голема, ако нивниот воен буџет е толку голем како што е сега, тие ќе сакаат повторно да го користат“, изјави Каја Калс, шефица за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
И покрај дипломатската офанзива, војната продолжи. Ракетни напади регистрирани во неколку украински региони.
Маријана Димовска
