Национална конференција за ХИВ

Околу 700 позитивни со ХИВ во земјава, 90 насто се на терапија и имаат успешен третман

01.12.2025 13:00

Во Македонија има околу 700 лица кои живеат со ХИВ, но 30 проценти од нив не се дијагностицирани – велат граѓанските асоциации. Порачуваат потребен е систематски пристап и законски измени за да се намалат инфекциите...

Во Македонија има околу 700 позитивни со ХИВ. Се проценува дека 30-ина проценти не се дијагностицирани. Од оние, пак, кај кои е потврден вирусот, 90 насто се на терапија и имаат успешен третман. Најголем предизвик останува раната дијагностика.

За да се намалуваат инфекциите со ХИВ вирусот, потребен е систематски пристап, но и законски измени.

Достапноста на терапијата е најважна за луѓето со ХИВ, бидејќи им овозможува здрав и нормален живот. Годинава првпат се обезбедија лекови за 24 месеци, што ги намалува ризиците од прекин на терапијата.

Ана Јосифоска