Скопје

Почна пробниот период на системот „Безбеден град“, се снимаат сообраќајните прекршоци

01.12.2025 17:01

Почна снимањето на сообраќајните прекршоци. Системот „Безбеден град“ ставен во функција. Месецов е пробен период и само ќе се опоменува, од 1-ви јануари ќе се казнува. Граѓаните ќе добиваат смс и и-мејл известување, од каде можат да се преземат записникот и платниот налог.

Вклучени камерите на системот „Безбеден град“ што ќе ги регистрира сообраќајните прекршоци. Од МВР велат дека месецов ќе опоменуваат, но од -ви1 јануари веќе ќе казнуваат.

Возење со брзина над дозволената, минување на црвено, погрешно паркирање, изминат рок на важност на сообраќајната дозвола се дел од прекршоците што ќе ги бележи електронскиот систем, но во следната фаза ќе се прошири и видот на прекршоци. Несовесните возачи, известувањата со линкот од Записникот и прекршочниот платен налог ќе ги добиваат по смс или електронска пошта.

Граѓаните очекуваат казните да ја разбудат свеста на несовесните возачи. Во тест-периодот, камерите регистрирале до 100.000 прекршоци дневно.

Александра Велинова