Собрание

Во Собранието дебата за Реформската агенда и Берлинскиот процес

01.12.2025 17:15

Без разлика на политичката припадност, заедничка цел треба да биде членството во ЕУ и доследната примена на обврските што произлегуваат од Берлинскиот процес и од Реформската агенда – заклучок од конференцијата што се одржа во Собранието.

Реформската агенда и Берлинскиот процес се мостовите за заедништво. Oд Владата велат дека се работи на спроведување на реформите за зајакнување на регионалната интеракција, економски раст и инфраструктурно поврзување на земјите во регионот.

Фокусот е на последните 29 чекори во областа на јавниот финансиски менаџмент. Почетокот на преговорите не зависи само од земјите кандидати, туку и од приоритетите на земјите членки на Европската Унија посочи и претседателот на собраниската комисија за европски прашања Милошоски. Војната во Украина, проширувањето на ЕУ повторно го врати на врвот на агендата.

Од владејачкото мнозинство апел за поголема вклученост на опозицијата во носење на реформските закони. Пратениците од опозицијата укажаа на се поголемиот број закони кои се носат по скратена постапка.

Пратениците бараат поголемо учеството на граѓанските организации и бизнис фелата во дебатите за реформската агенда.

 

Марина Стојанова - Тонева