Македонија

Нормализирана наставата во училиштето „Димо Хаџи Димов“

01.12.2025 16:40

Само еден ученик од „Димо Хаџи Димов“ останува на болничко лекување. Тројца се пуштени дома. По случајот со масовното труење, родителите бараат гаранција за хигиената во училиштето. Оттаму, пак, уверуваат дека наставата непречено се одвива откако е направена целосна дезинфекција.

Со потпишано барање, дел од родителите на ученици во „Димо Хаџи Димов“ побараа гаранции и потврда за хигиената, откако ИЈЗ излезе со резултати дека на чешмите во училиштето, работните површини и храната е пронајден ентеробактер. Родителите бараат чисти простории и санитарни јазли за да се заштити здравјето на децата, во знак на револт, некои децата ги задржале дома. Директорката вели, училиштето е целосно дезинфицирано.

Директорката вели, и претходно училиштето се чистело според утврдените протоколи.

Освен како последица на труење, дел од учениците имале норовирус, покажаа анализите на ИЈЗ. На Детска клиника сè уште има ученици.

Освен расчистување на случајот со заболените деца во „Димо Хаџи Димов“, ИЈЗ и АХВ треба да дадат одговор што покажаа анализите по вонредниот инспекциски надзор во 9-те кујни во училиштата во скопски Карпош.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски