Временска прогноза

Променливо облачно со појава на магла

02.12.2025 08:09

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од-1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер.