Случај „Пулс“

Ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“

02.12.2025 08:12

Во судницата во „Идризово“ ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Откако судот одлучи да се спојат постапките за два предмета, на обвинителна клупа се 35 физички и три правни лица. До нив и до адвокатите е доставено изменетото обвинение, па треба да се изјаснат дали чувствуваат вина, а одбраната да ги даде воведните зборови...

Во судницата во „Идризово“ ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Откако судот одлучи да се спојат постапките за два предмета, на обвинителна клупа се 35 физички и три правни лица. До нив и до адвокатите е доставено изменетото обвинение, па треба да се изјаснат дали чувствуваат вина, а одбраната да ги даде воведните зборови. На последното рочиште во воведните зборови, обвинителот Борче Јанев, „Пулс“ го спореди со „Буре барут“.

Рече дека катастрофата во кочанската дискотека не е несреќа или случајна игра на судбината, туку се работи за цел сплет на надоврзани пропусти. Родителите на загинатите бараат правда, но и со вербални напади кон дел од адвокатите.

Меѓу обвинетите се сопственикот на дискотеката, поранешни министри за економија, бивши градоначалници на Кочани, инспектори и службеници. Во пожарот настрадаа 63 лица, а над 200-те беа повредени.