Образование

Јаневска во Брисел на конференција посветена на процесот на паметна специјализација на земјите од Западен Балкан

02.12.2025 09:37

На конференцијата ќе учествуваат и еврокомесарката за проширување Марта Кос, генералниот директор на Заедничкиот истражувачки центар на ЕК – Бернард Магенхан, како и министри и други претставници на земјите од Западен Балкан...

Денеска во Брисел (Charlemagne Building, Sicco Mansholt room), министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на конференција посветена на процесот на паметна специјализација на земјите од Западен Балкан – клучни достигнувања и искуства, во организација на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

На конференцијата ќе учествуваат и еврокомесарката за проширување Марта Кос, генералниот директор на Заедничкиот истражувачки центар на ЕК – Бернард Магенхан, како и министри и други претставници на земјите од Западен Балкан.

Министерката Јаневска ќе ги презентира досегашните резултати од Акцискиот план 2024-2025 на Стратегијата за паметна специјализација.