ВЕНЕЦУЕЛА

Мадуро го отфрла притисокот од САД

02.12.2025 10:21

На поддржувачите им рече дека неговата земја ќе остане непоколеблива и нема да прифати да биде колонизирана.

Венецуелскиот претседател го отфрли зголемениот притисок од САД. На поддржувачите им рече дека неговата земја ќе остане непоколеблива и нема да прифати да биде колонизирана.

„Сакаме мир, но мир со суверенитет. Мир со еднаквост, со слобода! Не сакаме мир на робовите, ниту мир на колониите! Колонија, никогаш. Робови, никогаш! Слобода, република, достоинство, тоа е мирот“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Американскиот претседател, во неделата потврди дека телефонски разговарал со Мадуро. Откако се врати на функцијата, Трамп го зголеми притисокот врз властите во Венецуела и изврши голем број напади врз бродови осомничени за криумчарење на дрога во Карипското Море и Пацификот.