Во Софија насилни протести против буџетот за 2026 година
Демонстрациите, на кои доминираа млади луѓе, почнаа мирно. Тензиите ескалираа кога мали групи се упатија кон седиштата на главните владејачки партии.

Насилни протести во Софија против предлог-буџетот за 2026 година. Десетици илјади Бугари излегоа на улиците и побараа владата да го ревидира нацртот или да се повлече.
Демонстрациите, на кои доминираа млади луѓе, почнаа мирно. Тензиите ескалираа кога мали групи се упатија кон седиштата на главните владејачки партии.
Снимките покажаа судири меѓу маскирани демонстранти и полицајци, запалени контејнери. Искршени и полициски возила.
На 28 ноември, владата соопшти дека го повлекува нацрт-буџетот за идната година, по слични улични протести поради големите зголемувања на даноците.
Изненадувачкиот потег го објави лидерот на владејачката ГЕРБ, Бојко Борисов, кој побара од владата да го обнови дијалогот со работодавците и синдикатите, за да се постигне консензус за државните финансии.
